Приведен полски државјанин, кај него најдени фотографии од воениот полигон Криволак

77
Заврши летниот кампус на Криволак

Полицијата привед полски државјанин кај кого се пронајдени фотографии од армискиот полигон Криволак.

МВР денескка соопшти дека вчера во 10.00 часот на излез од капијата на армискиот полигон „Криволак“ кај Неготино, сопрен бил полскиот државјанин Х.Л.Р. (54).

– По извршените проверки и преглед кај истиот биле пронајдени слики од воениот објект. Во 12,30 часот по наредба на јавен обвинител од полициски службеници од Полициската станица Неготино, лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.