Приведен поради фалсификувана португалска лична карта

На 13.09.2014 година во 20,30 часот на ГП„Табановце“ на излез од РМ при вршење на редовна пасошка контрола, контролиран е Б.Р.(24) со португалска лична карта за која постои основано сомнение дека е фалсификувана.

Наведената португалска лична карта и лицето во 21,30 часот се предадени на инспектор за понатамошна постапка, а при преглед и претрес пронајдена е Потврда за сместување во прифатен центар во Атина, Р.Грција на име Х.С.(25) од Сирија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.