Приведен разбојник баран со потерница за петгодишна затворска казна

Денеска (05.03.2022) во 12:50 часот во с.Волково, скопско на пат за с. Орман од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје е лишен од слобода И.П.(27) од Скопје, кој се барал по централна потерница од КПУ Затвор Скопје.

Тој е осуден на казна затвор од пет години во врска со кривично дело „Разбојништво“ казниво по член 237 од Кривичен законик.

Лицето ќе биде предадено на кзанено поправната установа.