Приведен Ристо Новачевски, кумот на Груевски

60

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го привела Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, дознава САКАМДАКАЖАМ.мк.

Новачевски и уште една група, како што пишува СДК.мк, се осомничени за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацеви на Водно.

Обвинителството покрај Груевски и и неговиот кум Новачевски, за перење пари ги сомничи и братучедот Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени заедно и во „Империја“. Неофицијално дознаваме дека плацевите гласеле на нивни фирми.

Сите осомничени се со претходно изречени мерки за обезбедување присуство, само Новачевски не е.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.