Приведен скопјанец баран со потерница

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа е приведен млад скопјанец кој се барал за издржување на казна затвор од две години.

На 29.10.2020 во 18:20 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага во населба Триангла го привеле Г.К. (25) од Скопје по кој била распишана потерница во врска со чл.236 ст.1 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од две години– соопштуваат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено поправна установа.