Приведен скопјанец кај кога се пронајдени оружје и муниција

Триесет и едногодишен скопјанец е приведен откако во неговата куќа во Скопје се пронајдени разно оружје и муниција.

-Поднесена е кривична пријава против А. Љ. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи – информираат од МВР.

Според информациите на полицијата, на 5 септември полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две празни рамки за пиштол, рамка за пиштол со пет куршуми од 9 мм, маневарски куршум за автоматска пушка, балистички елек со заштитна плоча, гумена палка и др.