Приведен скопјанец кај кого била пронајдена дрога

Полициски службеници синоќа околу 4 часот привеле скопјанец кај кој била пронајдена дрога.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека скопајнецот Д.С. бил забележан во дискотека во градскиот парк по што се обидел да избега, но набрзо потоа бил приведен во полициската станица во Карпош.

При неговото приведување, полициските службеници биле попречувани од друго лице со иницијали М.К.. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.