Приведен скопјанец за издржување затворска казна

Во саботата утрото во 9,30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи и ЕВР Аеродром и Драчево – Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода 31-годишниот Ф.К. од Скопје.

Приведениот бил баран по централна потерница со наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.