Приведен сопственик на угостителски објект во гостиварско

На 07.01.2021 околу 21.00 часот во село Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35) од село Градец, сопственик на угостителски објект кој работел по дозволеното време и во кој престојувале 20 гости.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.