Приведен турски државјанин пред казино во ГТЦ, кај него бил најден пиштол

Пред казино во Градскиот трговски центар во Скопје, вчера во 17.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Х.Х. (29) од Република Турција.

Кај него бил пронајден нож, а при преглед во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки биле пронајдени пиштол-автомат „шкорпион“ со една рамка со 11 куршуми.

Од МВР денеска информираа дека со него бил извршен службен разговор и било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во Република Северна Македонија и нема одобрен привремен престој.

Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Известени биле Јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд Скопје. По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.