Приведен жител од прилепско, ќај него полицијата пронашла килограм марихуана

Вторник во 14.25 часот во Ресен, на ул.„Корчуланска“, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен бил лишен од слобода 36-годишниот М.З. од прилепското Селце.

Кај него била пронајдена ќеса со марихуана, која при обид да избега, ја фрлил. Од извршениот увид било констатирано дека во ќесата има околу килограм марихуана, која била одземена.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.