Приведена девојка од Тетово, одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности

На 10.01.2022 во 15.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово.

Таа се сомничи дека истиот ден одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности.

Б.Ј. била приведена во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката.

По документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.