ВИДЕО| Приведена поранешната државна секретарка на МВР на Србија за криминални врски

Поранешната државна секретарка во српското министерство за внатрешни работ, Дијана Хркаловиќ, е приоведена во петокот на сослушување во рамките на истрагата за прикривање докази за убиство во Белград кое се поврзува со криминалниот клан воден од Вељко Беливук против кој е потврдено обвинение за низа тешки кривични дела а со кој таа одржувала контакти.

Како што објавија белградските медиуми, Дијана Хркаловиќ е приведена бидејќи се сомничи дека ги остранувала доказите за убиството на Властимир Милошевиќ во јануари 2017 година, за коешто биле осомничени а потоа поради контаминирање на доказниот материјал ослободен Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, и Марко Миљковиќ, и уште едно лице од организиранта криминална група која ја водел Беливук а повразана со влијателен во регионот голем црногорски клан за криумчарење наркотици.

Специјалниот суд за организиран криминал во Белград го потврди претходно во петокот обвинението за вкупно 30 припадници на криминалната група предводена од Беливук и Миљковиќ, со кои се товарат за пет брутални убиства со масакрирања на жртвите, трговија со наркотици, недозволено поседување забранети оружја и бројни други тешки кривични дела.

Криминалната група на Беливук и Миљковиќ е обвинета и за злосторничко здружување, пет тешки убиство, препродажба на дроги и оружје, едно грабнување и силување на едно момче, споре мдиумиските извештаи.

Поранешната државна секретарка Хркаловиќ, којашто претходно одби вештачење со полиграф, ја сослушува секторот за внатрешна контрола на министерството за внатрешни работи. Според неофицијлните информации кои ги наведува агенцијата Танјуг, во тек е и претрес на нејзиниот стан.

Хркаловиќ и порано беше сослушувана, а доведувана е во врска со едне од двата црногорски клана Шкаљарскиот и Кавачкиот кои дејствуваат во регионот но и во Јужна Америка и во Европа, а се последните години водат беспоштедна меѓусебна борба со педесеттина жртви.

Медиумите ја доведуваат Хркаловиќ во поврзаноста со поранешниот министер за внатрешни работи а сега за одбрана Небојша Стефановиќ, наведувајќи дека бил негов кадровски избор. Самиот Стефановиќ, пак, во матичната партија Српска напредна партија (СНС) е под удар на обвиненија дека соработувал со западна разузнавачка агенција во план за уривање на српскиот претседател Александар Вучиќ.