МВР: Приведени 92 лица што не ја почитувале забраната за движење

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 121 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска МВР.

Во текот на изминатиот ден, на територијата на Република Северна Македонија на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација.

МВР додава дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација.