Приведени дилери од Гостивар, пронајден хероин

На 17.08.2022 околу 15.15 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода К.С.(52) и М.А.(60) од Гостивар, затоа што при преглед кај К.С. биле пронајдени 34 пакувања хероин.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следуваат поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.