Приведени двајца арачиновци, со возило се обиделе да прегазат полицаец

Двајца жители на Арачиново биле уапсени затоа што се обиделе да прегазат полицаец со возило.

Според информациите на МВР, завчера околу 22.30 часот во село Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од село Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.