Приведени двајца дилери на хероин од Свети Николе

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на наплатната станица Миладиновци биле приведени две лица од Свети Николе, кај кои бил пронајден хероин.

– На 14.10.2020 на наплатната станица Миладиновци, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР, во соработка и координација со СВР Скопје, ги лишија од слобода И.Е.(38) и Д.М.(37), двајцата од Свети Николе. При преглед на патничко возило што го управувал И.Е., а сопатник бил Д.М., бил пронајден и одземен хероин – велат од МВР.

Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.