Приведени двајца разбојници од Скопје

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба расчистија кривично дело разбојништво случено на 26.02.2023 во с.Петровец, скопско.

-Имено, по преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од с.Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во с.Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон. Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Исто така, бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.