Приведени двајца скопјани поради поседување на дрога

Двајца скопјани биле уапсени вчера откако полицијата при претрес кај нив пронашла марихуана, информира МВР.

Вчера во 21:00 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Р.С. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Половина час подоцна  на подрачјете на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 19-годишниот В.Ф. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.