Во четвртокот попладнето околу 17 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле В.И. и Х.Р. двајцата на 23 години од гостиварски Градец.
Двајцата дваесетина минути пред приведувањето го нарушиле јавниот ред и мир во Психијатриското одделение на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле во посета на пациент и се однесувале агресивно.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.