Министерството за внатрешни работи приведе две лица кои се соминачат дека се демолирачите на кафулето „Њу Орлеанс“ во Старата Скопска Чаршија.
Инцидентот се случи пред неколку дена, кога две лица , влегоа во кафулето, искршија две стакла и компјутерот на диџејот поради пуштање на македонска музика. Во инцидентот настрадал и мобилнот телефон на вработената која сакала да повика полиција.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесе пријава и истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Од МВР информираат дека и понатаму се работи на идентификување на останатите лица кои учествувале во инцидентот.