Приведени две лица во Тетово, пронајдена марихуана

Во петокот вечерта во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 21-годишниот Б.А. и еден малолетник, двајцата од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и нож, информира МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.