Приведени две лица за атентатите во Волгоград

Властите во Русија уапсиле двајца соучесници во извршувањето на терористичките напади во Волгоград од крајот на минатата година, соопштија од Националниот комитет за анти-тероризам, пренесуваат локалните медиуми.

Уапсените се браќата Махомеднаби и Тахир Батиров, кои имаат врска со испраќањето на бомбашите – самоубијци во Волгоград. Тие се членови на екстремистичка група , која дејствува на територијата на Дагестан и во Севернокавказкиот регион, истакнале од комитетот.

Двајцата биле уапсени на територијата на Дагестан. Во моментов се спроведуваат потребните истражни дејствија, истакнале од полицијата, која продолжува да трага по другите учесници во организираните напади.

Локалните медиуми потсетуваат дека властите во Русија ги зајакнале мерките за безбедност во Сочи, поради двата терористички напади во Волгоград. Олимписките игри кои почнуваат на седми февруари, ќе бидат под засилено полициско присуство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.