Приведени криумчари на мигранти

На 04.03.2022 околу 20 часот на регионален пат од брана Мантово кон крстосница за Неготино, поточно во близина на место викано „20-ти километар“ полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г. (33) од село Бучим, радовишко, О.Х. (34) од Кочани и Б.Ј. (38) од Конче, поради сомнение дека организирале превоз на мигранти од Сирија и други земји.

Лицата биле однесени во Полициската станица Радовиш, а возилата „фолксваген туарег“ со радовишки регистерски ознаки, сопственост на Е.Г. и „форд мондео“ со кочански регистерски ознаки, сопственост на О.Х. биле одземени.

Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б од КЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.