Приведени седум лица за нападот на полицајците во населбата Шуто Оризари

Приведени се седум лица за нападот над двајцата полициски службеници во скопската населба Шуто Оризари.

Министерот на внатрешни работи, Оливер Спасовски, информираше дека истрагата е при крај и дека ќе бидат поднесени кривични пријави за овие седум лица.

Се работи на препознавање на уште неколку лица што треба да бидат обезбедени и да се поднесат соодветни поднесоци, соопшти Спасовски.

Инцидентот се случил кога полицајците со уште едно лице пристигнале на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, по што биле нападнати од група на граѓани, откако претходно малолетничка наводно видела како непознати лица насилно внеле женско лице во комбе.