Приведени шест илегални мигранти од Куба

Полицијата вчера открила шест мигранти од Куба, илегално влезени во државата, и привела двајца скопјани кои ги превезувале со автомобили.

-Синоќа во 22 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ ги привела А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила „бмв“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и во нив ги превезувале шестемина мигранти од Куба – информират од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце“.