Приведени шест лица на скопскиот аеродром поради фалсификувани ПЦР тестови

14

Во последно време полициските службеници на „Меѓународниот аеродром – Скопје“ се повеќе имаат работа со лица кои приложуваат фалсификувани ПЦР тестови, а во текот на вчерашниот ден биле приведени дури шест патници.

Вчера околу 15.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“ – Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. Од МВР денеска информираа дека тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.

Во денешното соопштение од МВР стои дека вчера во 04.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“ – Скопје, при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест. Таа била приведена и задржана за понатамошна постапка.

Во утринските часови поради приложување на фалсификувани ПЦР тестови биле приведени Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово, кои се задржани за понатамошна постапка.

При проверка на Г.Х.(50) од Турција било констатирано дека на увид приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.