Приведени сопственикот на „Дурмо турс“ и возачот на автобусот

Шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот се приведени во врска со сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци што се случи на минатиот месец, а во која загинаа 15 лица.

Неисправните уреди за сопирање на автобусот и возењето над дозволената брзина се главните причини за несреќата кај Ласкарци, поради што ОЈО поведе постапка против лицата.

-Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автоубост и поголемата брзина на возење над дозволената  поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри, рече Рачев. Додаде дека вештачењето покажало оти возачот не користел мобилен телефон за време на несреќата.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Први на помош на повредените им помогнаа мештаните од Ласкарци и околината, а за спасување беа мобилизирани комбиња на брзата помош од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.