Приведени три лица, расчистена тешка кражба

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во координација со СВР Куманово, во рамки на спроведена криминалистичка истрага во врска со кривично дело „тешка кражба“ извршенo на 26.05.2021, ги лишија од слобода В.Н.(32) и Д.З.(23), двајцата од Скопје, а З.Г.(60) од Куманово бил повикан во полициска станица на службен разговор.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следи кривична пријава по чл. 236, чл.22 во врска со член 236, чл.149 и чл.378 од Кривичниот законик.