Три лица биле приведени синоќа од страна на полицијата, во угостителски објект во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.
– Синоќа во 20.15 часот во угостителски објект во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле 24-годишната С.Ш. од Демир Капија, Р.А.(42) од Кавадарци и А.П.(36) од село Ваташа, кавадаречко. При преглед кај С.Ш. биле пронајдени бела прашкаста материја и зелена растителна материја, а кај Р.А. бил пронајден нож, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека предметите биле одземени и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.