Приведени тројца дилери во Битола

На 24.06.2022 на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.

Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.