Приведени тројца барани осуденици

35

Тројца осуденици конечно ќе ги одлежат затворските казни дадени од судот поради криминални дела.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи лишени се три осудени лица од Скопје кои се барани за одлежување на затворската казна.

Вчера е приведен 53-годишниот Сабри А. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело “ измама”.

За издржување на затворска казна од две години, вчера полицијата го приведе и 46-годишниот Ганчо П. за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста”.

Од слобода е лишен и 50-годишниот Таио З. Од Скопје кој е осуден на 60-дена казна за сторено кривично дело “предвизвикување општа опасност”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.