Приведени тројца скопјани барани за издржување затворски казни

Тројца скопјани осудени поради сторени кривични дека се приведени од страна на полицијата за издржување на затворски казни

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера скопската полиција го привела 37-годишниот Бобан Н. кој се барал за издржување затворска казна во траење од четириесет дена, за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот”.  Истиот е спроведен во Затвор – Скопје.

Истотака од слобода е лишен и 33-годишниот Стојанче И. кој треба да издржи затворска казна во траење од една година и шест месеци, за сторени кривично дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и “овозможување на употреба наркотични дроги”. Истиот е спроведен во Затвор – Идризово.

Зад решетки ќе оди и 27-годишниот Филип А. од Скопје бидејќи се барал за издржување казна за напад на полицаец. Истиот е спроведен во Затвор – Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.