Приведени велешани кои превезувале сириски мигранти

На локалниот пат Свети Николе-Кнежје, вчера околу 14. 15 часот од страна на вработени во шумска полиција, било запрено товарно моторно возило „Форд Транзит“со гостиварски регистерски ознаки биле затекнати шест лица-мигранти државјани од Сирија.

Како што соопшти МВР, возилото било управувано од Ш.В.(21) од Велес, а како сопатник било А.Ѓ.(28) од Велес. Двајцата се приведени во полициската станица Свети Николе и против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.