Приведените полски навивачи завршија со по 150 евра казна

54

223 полски навивачи кои во петокот беа приведени поради нарушување на јавниот ред и мир во Градскиот парк во Скопје, својот престој во Македонија го завршија со по 150 евра казна, без забрана за влез во земјава.

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека пасошите на поголем број од навивачите им биле одземени додека не ја платат казната, а потоа им беа вратени.

Во петокот, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Полска, поголема група полски навивачи се степаа. Приведените 223 лица со автобуси биле однесени во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.