Приведено е лицето кое го симна црковното и го постави албанското знаме на Попова Шапка

Извршителот на делото е пронајден и во моментов е во Полициска станица Тетово.

Вчеравечер е уапсено едно лице кое попладнето од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка прво го симнал знамето на МПЦ – Охридска Архиепискоција а потоа поставил знаме на Албанија.

Извршителот на делото е пронајден и во моментов е во Полициска станица Тетово.

Настанот претходно, околу 18.00 часот во СВР Тетово го пријавил свештеник од црквата на Попова Шапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.