Приведено лице од Косово на граничен премин Блаце, сакал да поткупи полицаец

Денеска на граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го лишија од слобода косовскиот државјанин С.Ј.(56), соопшти МВР.

Тој управувал со патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки. При проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на стока што ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација. Притоа, тој му понудил на полицискиот службеник да го почести, ставајќи му пари во својата косовска патна исправа.

По ова С.Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од страна на Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.