Приведено лице од скопски Аеродром, кај него полицијата пронашла прашкаста материја

На 06.09.2022 во 10.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(35), затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, екстази и куршуми од огнено оружје.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.