Приведено лице што се заканувало со подметнување бомби на автобуси

Во СВР Битола вчера околу 16.20 часот  В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“ на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека ќе бидат активирани.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи, соопшти денеска МВР.

Во СВР Битола бил приведен З.Ѓ.(43) од ресенското село Болно, поради постоење основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.