Приведено лице во скопски Чаир по распишана потерница

На 11.02.2022 полициски службеници од тимот за потраги во рамки на Единицата за внатрешни работи Чаир го лишиле од слобода С.Џ.(40).

За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна.

Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.