Приведувања осомничени за трговија со наркотици во Куманово и во кавадаречко

Вкупно пет лица се приведени во петокот вечерта и ноќта во Куманово и близу Кавадарци, откако при претреси полициските службеници кај нив откриле материи за кои се смета дека се наркотици.

Во саботата вечерта во 19,30 часот на плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, полициски службеници од СРВ Куманово ги лишиле од слобода А.А. на 32 години од Велес, 28-годишниот С.Ј. од Скопје и 56-годишниот Т.И. од Куманово затоа што при преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја.

Околу еден часот по полноќ кон неделата на патот Кавадарци – Мотел Дреново, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода 36-годишниот М.К. и Н.А. на 34 години, двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја.