Привид

Која таблета би ја земале? Сината или црвената?

Додека се занимавате со носевите пикнати во тревата риејќи наоколу како да го најдеме тоа мало глодарче, тој крт кој ни рие од внатре, ни ја расипува нашата естетика за рамноземјашка демократска, ем слободна пољана со зелена трева и прекрасни цвеќиња за која толку усрдно се бориме да ни преживее. Чекајте, не ви текнува?!? Паметите дека како деца знаевте да легнете со главата на тепихот, подот, тревата и за поткренат заден дел да се туркате наоколу? Така имавме чувство дека сме блиски со тој прекрасеен свет на ситни играчки, дека сме во него. Но, еволутивно се исправивме и погледнавме наоколу… а, наоколу апокалиптичен пејсаж на разорување… чекај, па тоа е огледало, одразот сум јас… а, кој сум јас… ма Јанко дај не јади…

И така, се занимаваме секојдневно со некоја нова аферо-мачканица, путер, вакцина, маски, афери, кражби, апсења и трчајки по фрагменти немаме абер, ни наслутуваме што во суштина се случува. А, тоа додека не го разбереме – џабе е.

Морфеус му даде избор на Нео, тој прифати, да ја осознае и види слободата и вистината, но само тој, лично и никој друг ја даде жртвата и донесе некаков еквилибриум помеѓу двата спротиставени света… библиски е ама пак, не е за тука, најкратко – одговорноста е црвената таблета.

И пак нема да се разбереме, не е храброст да напишеш статус, излезеш на протест, туку храброст е прво да ја прифатиш одговорноста ама баш за се’ и за своите и за туѓите грешки, падови. Затоа светите оци, филозофите, уметниците се толку апстрактни и делуваат архаично во овој свет, просто како вознемјанин да ни говори на некаков универзален квазарски додека го гледаме како телиња во Бифрост. Не се прашувајте што некој ти кажува, не чекај што треба да ти каже како да правиш, прашај се зошто не ти е јасно? Зошто стоиш со метлата пред партиски штаб, а дома ти е кочина? Како тоа ќе го исчистиш светот, а небањат? Зошто ти е магла пред очите, како тој ѕид кој те следи цел живот и не можеш да го срушиш? Карлос Кастенеда најде начин, погрешен ама презеде одговорност и направи исчекор.

Тука ви се сите одговори зошто ви е булшит и се чудите како е можно, шака пеземеци да ве надвладеад, вас праведни, посветени, храбри ем самоумни. Аааах, фак… Елиот не’ опишува до танчина уште во првиот стих… Шупливи луѓе, празни луѓе, главите полнети со слама… и доби нобелова.

Се додека чекате инструкции и се плашите да делувате или сте убедени дека не знаете како да делувате, како да се надмине состојбата, додека не сфатите дека сте само искушеник кој треба да се ослободи од сите ропски стеги дека само тогаш и тогаш ќе изнајдете пат како.

Не можете да се борите за слобода, да прокламирате храброст и уништување на ропството додека секојденвно се овердозирате со синото апче, иако знаете дека црвеното е вистината, но вистината е тешка, мачна, бара потполна саможртва. Од позиција, па дури и на ниско социјален конформизам, останувате манипулирани додека наместо да се исправите и погледнете да осознаете или ринете со главата на површината и се тешите или проблемот го барате во некакви траги од алуминиум испрскани од небото, затоа заследувате и верувате на ниско образувани дилери на сината пилула кои ви продават теории на заговор, кои само луд човек би ги прифатил.

Нашата планета е санаториум на универзумот, ние сме пациенти, фрлени ни се купишта сини и црвени апчиња, но и оставени сме потполно сами и никој не ни брани ништо да одлучиме како сакаме. Ние одбираме сино, лажна реалност и кукаме за слобода и вистина – шизофренија!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес