Привремен режим на Трета македонска бригада, поради асфалтирање

Две сообраќајни ленти на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром од вчера се затвоерени за сообраќај поради асфалтирањ.

Денеска се асфалтира потегот од бензинската станица „Пуцко петрол“ до објектот на Американ колеџ. Поради тоа за сообраќај ќе се затвори дел од раскрсницата кај објектот на „Тинекс“ и влезот во бензинската станица „Пуцко петрол“. Во текот на денешниот  ден, пристап кон сервисната улица кај „Тинекс“ ќе има од сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.

Утре ќе се асфалтира делницата од објектот на Американ колеџ до сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.

Во петок ќе се асфалтира делницата од „Карпет макс“ и „Метро“ до крстосницата со булеварот Србија.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот, како и да ја користат околната улична мрежа.