Привремен сообраќаен режим на булеварот Борис Трајковски

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре ќе се врши санација на индустрискиот колосек на патниот премин Цементарница, на булеварот Борис Трајковски.

Поради тоа, десната сообраќајна лента од булеварот Борис Трајковски во правец од Драчево кон Скопје, во делот кај преминот преку пругата кај Цементарница, ќе биде затворена за сообраќај, во времетраење од деветти до 20-ти април.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.