Приврзаниците на катaлoнската независност се закануваат со хаос за божикните празници

42

Поборниците и активистите на каталонската независност планираат да ја „изгаснат“ Барселона со масовни протести коишто ги планираат за 21-ви декември, пренесува во вторникот шпанската телевизија.

Протестите ќе се одржат истиот ден кога шпанскиот социјалистички премиер Пабло Санчез планира да ја посети каталонската престолнина Барселона. Засега не се знае дали тој ќе се сретне со регионалниот каталонски претседаетл Квим Тора.

Новата шпанска социјалистичка влада, коајшто ја презема власта во јуни по излгасувањето недоверба на владата на конзервативната Народна партија, настојува да ги ублажи тензиите, но се противи на референдумот за независност. Премиерот Педро Санчез му понуди на Квим Тора реферндум за поголема автономија, но вториот го одби тоа, истакнувајќи дека единствено доаѓа предвид референдум за целосна неависност кој би го признала шпанската влада, но и меѓународната заедница. Тора се повикува на желбата на граѓаните искажана на 1-ви октомври 2017 година кога Пучдемон организираше референдум спротивно на одлуката на шпанската влада и Уставниот суд и на кој не се одѕваа главно противниците на независноста.

Датумот е симболичен за каталонските активисти, бидејќи ја означува првата годишнина од предвремените парламентарни избори коишто ги распиша централната влада во Мадрид, откако го распушти каталонскиот парламент и ја стави покраината под управата на централната власт, како одоговор на каталонскиот референдум за независност.

Од 2012 година Каталонија постојано бара одржување референдум по моделот на независноста на канадски Квебек (1980, 1995 година) и Шкотска кој завршија со победа на противниците на отцепувањето. Во 2009 и 2010 година во Каталонија се одржа серија неформални референдуми во малите општини, за кои не се водеше кампања. Во едната серија, што се одржа на 12-ти и 13-ти декември 2009 година, учествуваа 27 отсто од вкупниот број гласачи, а од нив 94,9 отсто гласале за независност на Каталонија.

Централната шпанска влада којашто од 2011 година до ова лето ја водеше конзервативецот Маријано Рахој, ја одбиваше таквата можност која во 2014 година ја искористи Шкотска. Владата и сега се повикува на уставот од 1978 година, донесен по падот на Франковата диктатура, и одлуката на Уставниот суд на Шпанија и истакнува дека за судбината на дел од државната територија треба да се изјаснат сите Шпанци и оти референдуми за ензависнсот не се дозволени во ниту една од 17-те покраини. Во моментов, според членот 92 од Уставот на Шпанија, ваквите одлуки ги носи централната власт и Конгресот на пратениците, а ги одобрува кралот. Мадрид, исто така, може да го примени правото на укинувањето на автономното управување на регионалните влади, а во согласност со членот 8,1 од Уставот да ја искористи армијата за заштита на унитарноста на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.