Приврзаниците на Трамп и на Бајден протестираат пред центарите за пребројување гласови

Приврзаниците на американскиот републикански претседател Доналд Трамп ги засилија своите протести во знак на поддршка на неговите обвинувања за местење на претседателските избори во полза на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, додека се исчекуваат резултатите од гласањето во клучнисте сојузни држави каде што двајцата ривали се израмнети.

Протестите главно се одвиваа мирно, освен некои судири на приврзаниците на Трамп откако Демократската партија организираше контрапротести.

Во Аризона, една од пресудните држави, каде што Трамп имаше водство но потоа таа се стопи и Бајден влезе во тесна трка а републиканците се жалеа на незаконско пребројување на гласовите пристигнати преку пошта и оневозможување на нивните набљудувачи да имаат пристап до изборниот материјал, приврзаниците на Трамп се собраа пред изборната комисија за округот Мерикоп во Феникс.

Медиумите, кои се определија за поддршка на Бајден на овие избори, објавуваат фотографии на маж со вила за сено и знаме на кое има автоматска пушка и јавуваат за појава на наводно вооружени десничарски групи пред зградата на изборната комисија додека биле броени гласовите. Но наведуваат дека изборите главно биле мирни и покрај големата тензија.

Инцидент се случил кога поддржувачите на Трамп бркале провокатор кој се појавил со транспарент на кој републиканскиот претседател бил претставек нако свиња со нацистички ознаки зад говорницата од која се обраќал десничаркиот лидер Алекс Џонс. Мажот кој бил придружуван од помала група поддржувачи на Бајден бил опколен од активисти на Трамп, но интервенирала полицијата, пренесува Reuters повикувајќи се на сведоци.

„Се обидуваат да ги украдат изборите, но Америка знае што се случи и го возвраќа ударот. 1776-та е одговор на 1984-та“, изјавил Џонс пред неколкуте стотина присутни алудирајќи на американата Декларација за независност и култниот дистописки роман на Џорџ Орвел.

Медиумите јавуваат дека протестите се раштркани, помали и главно мирдни откако Американците започнаа да излегуваат на избирачките места во вторникот.

Приврзаниците на Бајден го истакнаа слоганот „Преброј го секој глас“ и тврдат дека се точни резултатите кои ќе покажат дека поранештниот демократски потпретседател на САД ги освоил потребните 270 електорски гласови.

Двете страни одржаа собири во Филаделфија во четвртокот каде челновите на изборните комисии ги пребројуваат гласовите кои дошле по пошта и кои ќе решаваат за клучните 20 електори од Пенсилванија. Републиканците бара запирање на броењето гласови и пребројувањето на гласовите, поради тоа што не им било дозволено да имаат пристап, сомневања дека се броени гласови кои стасале по пошта по рокот и слични избирни нарушувања.

Во Филаделфија полицијата соопшти дека уапсила еден мажи и запленила оружје во рамки на истрага поради наводно планиран напад врз конгресниот центар. Освен овој инцидент имало и помали судири, а повеќе во славеничка атмосфера и од двет страни, но биле контролирани од голем број полицајци.

Активистите на Трамп со американски знамиња ги истанале транспарентите „Гласањето завршува на изборниот ден“ и „Жалиме, гласчките места се затворени“, додека активистите на Бајден танцувале од другата страна на барикадата.

„Нема да дозволиме заплашување на оние кои ги пребројуваат гласовите“, рекол за Reuters пензионирен социјален работник приврзаник на Бајден облечен во маичка со натписот „Преброј го секој глас“ а во заднина идекнувала на песната „ What’s Going On“ на легендарниот Марвин Геј.

Стотици приврзаници на Трамп се собрале во Харисбург на скалилата од зградата на Капитол во Пенсилванија во четвртокот ноќта во рамките на протестната кампања „Запрете ја кражбата“ која ги организирале конзервативни активнисти од сојузната држава Вирџинија.

Приврзаниците на Трамп се собрале и во Милвоки пред зградата во којашто се пребројуваат гласовите. Со звуците на кантри музиката, американски знамиња ги истакнале транспарентите „Наместени“ и „Повторни пребројување“.

Организирани од приврзаниците на Бајден на истото место еден час на контрапротест излегле и десетина лица кои скандуирале „Црните животи се важни“, алудирајќи на жртвите од полициска бруталност. Другите започнале да фрлаат јајца врз приврзаниците на Трамп од автомобило во движње.

Најмалку 400 демонстранти се собрале пред избирачката комисија на округот Кларк во Лас Вегас. Биле емитувани патриотски песни и се виореле американски знамиња и гигантска фигура на Трамп. Во Невада Бајден има микро водство, а продолжува пребројувањето на гласовите.

Во Вашингтон поворка од автомобили и велосипеди во организација на активистите од групата „ Shutdown DC“ минала низ улиците на американската престолнина и протестирале против „Трамповиот напад на демократскиот процес и оние кои тоа му го овозможуваат“.

Од Facebook беше остранета групата којашто за неполн час собра повеќе од 300.000 членови за поддршка на Трамп обвинувајќи дека користеле „насилна реторика“, а и другите социјални мрежи ги отстрануваат брзорастечките профили на кои се критикува „изборната измама“ со образложение дека биле „неосновани“ и дека реагираат мрежите регирале на „потенцијално насилство“.

„Тука сум вечерва за иднината на мојата земја“, рекол за Reuters 21-годишниот Мичел Ландграф кој истакнал дека гласал за Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.