Приземјена целата флотила од „Boeing 737 MAX“ на „Ethiopian Airlines“

Етиопската воздухопловна компанија „Ethiopian Airlines“ на неодредено време ја приземји целата своја флотила од патничките авиони од моделот „Boeing 737 MAX 8“, соопшти компанијата на својот Twitter профил во понеделникот, ден по несреќата во кој во падот на еден од нејзините авион од овој тип загинаа 157 луѓе.

„Иако сѐ уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да решиме оваа флотила да ја замениме како дополнителна мерка за претпазливост“, наведе воздухопловниот превозник.

„Ethiopian Airlines“ поседува четири летала од типот „Boeing 737 MAX 8“, без овој кој се урна во неделата, според интернет страница за следење на летовите FlightRadar24.

По несреќата во Етиопија, и Кина во понеделникот им наложи на своите воздухопловни компании до 18 часот да ги суспендираат сите летови на авионите од ово тип.

Станува збор за втора несреќа за помалку од половина година на овој модел авиони. Во октомври минатата година се урна „Boeing 737 MAX 8“ на индонезиската компанија „Lion Air“.