Признавање на независноста, па помирување со Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Приштина, во замена за признавање на независноста, ќе прифати да се помири со Белград, пренесува РТК2.

Признавање … што може да даде Косово за да се постигне овој договор, помирување, бидејќи ние немаме ништо друго да дадеме. Помирувањето не е малку, тоа значи ги заборавиме нашите болки, за исчезнатите, убиените, штетат, жртвите на сексуално насилство, уништена и ограбена економија, и кога ќе се помириме, даваме многу, многу повеќе отколку што некој може да даде, рече Харадинај.

Тој додаде дека тоа не значи дека извршените злосторства ќе бидат заборавени.

Ние не велиме дека треба да заборавиме, нема тоа никогаш да го направиме. Но може да се помириме некогаш, за признавање. Дали ќе биде тоа годинава? Јас не можам да кажам, но ние баравме помош од нашите пријатели и да ви кажам дека кога Косово стои зад Америка, тоа е поради сопствени интереси, рече Харадинај.

Тој тврди дека оваа година Косово треба да стане членка на Интерпол.

Секоја земја која го спречува Косово да стане членка на Интерпол помага во борбата против криминалот на транснационално ниво. Тоа не е во ред. Длабоко сум убеден дека многу земји ќе бараат членство на Косово во Интерпол, бидејќи се борат против транснационалниот криминал, што е опасно и претставува закана, рече Харадинај.

Тој вели дека побарал пријателски држави да му помогнат на Косово да стане членка на Интерпол.

Харадинај, исто така, зборуваше за членството на Косово во ОН, што е прашање кое, според него, „треба брзо да се затвори“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.