Македонија

Пробиен е рокот: Партиите не постигнаа договор

Пробиен е рокот: Партиите не постигнаа договор

Пробиен е рокот за постигнување договор. И по долгите, маратонски разговори, партиите не постигнаа договор ниту за измените на Изборниот законик ниту за Законот за забрана на објавување на прислушуваните разговори. Според најадвите, преговорите за овие две жешки теми ќе продолжат и денеска.

Разговорите запнаа кај Предлог – законот  што ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во Собранието, со кој се наложуваат затворски казни за поседување и емитување на содржината на „бомбите на Заев“.

СДСМ со поддршка на амбасадорите побарала повлекување на предлог-законот, доработка и истовремена заштита на т.н. „свиркачи“.

 

Дури доцна во ноќта требаше да се отворат темите поврзани со Изборниот законик.

Рокот за договор околу гласањето на дијаспората, прочистувањето на Избирачкиот список, одлучувањето по жалби, медиумското спонзорство на партиите и другите проблематични точки во изборниот процес, истече синоќа на полноќ.