Пробиен рокот од изградбата на долниот дел од Затворениот градски пазар во Велес, изведувачот на општината и плаќа казнени пенали

Рокот за изградба на Долниот дел од Затворениот Градски пазар во Велес беше до 15 септември 2022 година. Поради незавршени обврски по договорот, направен е анекс со што рокот за завршување е до 31 јануари 2023 година. Градежните работи и во овој рок не се завршени, по што почнува на изведувачот да му се запираат казнени пенали согласно договорот, информираат за МИА од службата за градежништво и урбанизам на Општина Велес.
Изведувач на работите е фирмата „БВ Инженеринг“од Битола, а изградбата почна на 17 септември 2021 година, а рокот на изведба беше најавен за една година, односно септември 2022 година. Вкупната вредност на работите изнесува 50 милиони 248 илјади 059 денари.

Како што појаснуваат од Општина Велес, на долното ниво на пазарот сместени се 4 објекти :1,2,3 и 4. Проектантски поделеноста и сместувањето на објектите овозможува фазно изведување на градбата .

Објектите 1 и 3 се сместени на долната платформа и претставуваат збир од поединечни затворени дуќани со површина од околу 15-20м2 . Објектот 1 е со катност П+1, додека објектот 3 е со катност П.

Во приземјето на објект 1 сместени се шест дуќани, додека на катот се сместени две административни простории за вработените на пазарот и тоалет. Дуќаните имаат тоалети.

Објектот 2 сместен во средишниот долен дел од пазарот претставуав отворена настрешница која го оформува наткриениот дел од пазарот со поставени тезги .

– Висински објејктот 2 се израмнува со објект 1 , додека во однос на објект 3 е повисок – го надвиснува и со тоа се овозможува природна вентилација на делот кај тезгите, појаснуваат од Општина Велес.

Објектот 4 е постоечки објект, истиот е предвидено да се реконструира, постоечкиот дел од објектот ќе се користи како дуќани, а последниот дел е електрособата. Над постоечкиот дел предвидена е надградба – ниво1, кое ќе биде од угостителски карактер, појаснуваат од Општина Велес.

Површината на објектите деловите е следна: Партер пред влез 214,57 м2, Објект 1-126 м2 бруто површина во основа Објект 2-1407,45 м2, бруто Објект 3 – 187,24 м2 бруто Објект 4-126,61м2 бруто во основа, или вкупна површина на Долниот дел од затворениот Градски пазар во Велес ќе биде 2,061,87 м2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.